Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Ахмети и Ковачевски на иста линија: Решени да трошат двојно повеќе државни милиони евра за избори

Ахмети на иста линија со Ковачевски. Власта дефинитивно нема намера заедно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ахмети на иста линија со Ковачевски. Власта дефинитивно нема намера заедно да се одржат претседателските и парламентарните избори. И тој одбива лидерска средба, велејќи дека приоритет и за него во моментов се уставните измени, за што Ахмети упте ендаш повтори дека е спремен да ја напушти и власта ако ВМРО-ДПМНЕ гласале за внесување на Бугарите во Уставот.

-Изборите не нудат решение, затоа изборите ќе се одржат во редовниот термин, на пролет следната година, изјави Ахмети.

Власта е осамена во своите ставови. Заеднички и претседателски и парламентарни избори бара и македонската и албанската опозиција, пред се поради милионите евра кои би биле потрешени непотребно за два изборни во само два или три месеци. И Билал Касами ја повика власта да свика лидерска средба со цел договор за фер и демократски избори.

Реклама

-Сметаме дека треба да се одржат заедно изборите, имајќи предвид дека станува збор за трошоци кои доколку се одржат како што е предвидено со закон за редовни избори, а во прашање е дистанца од три месеци, проценуваме дека тоа е непотребен трошок и бараме изборите да се одржат во ист термин, и претседателските и параментарните избори, изјави Касами.

Мицкоски кој веќе порача дека е подготвен и чека покана за лидерска средба кај собранискиот спикер Талат Џафери, испрати порака до власта да не бега од народот со нарачани и наместени анкети. Испрати порака и дека за неколку месеци Македонија ќе има нова политичка реалност и Влада предовдена од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо кукавички да бегаат, најголемата анкета е соочувањето со народот. Можеби јас не ја говорам вистината, можеби овие објективни јавни мерења не се точни, можеби тоа што тие го креираат штабски е точно. Има еден начин да покажеме какви се вистинските бројки се покажуваат на избори. Повторно ќе ги повикам кукавиците од СДСМ да се соочат со јавноста, изјави Мицкоски.

Ковачевкси веќе порача дека не прифаќа да седне на маса со лидерот на опозицијата за да се договори заедничко одржување на претседателските и парламентарни избори. Кажа дека едните ќе се одржеле во мај, другите во јули. На маса е спремен да седне само ако се говорело за уставните измени.

Матеја Петровски