Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

Аукцијата за еврообврзницата ќе биде повторена

Политичките игри и математики за реконструкција на Кабинетот на Ковачевски ја оставија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичките игри и математики за реконструкција на Кабинетот на Ковачевски ја оставија државава без 600- те милиони евра наменети за отплата на стари долгови. Владата на СДСМ и ДУИ е несериозна и го губи кредитниот рејтинг, реагираат од опозицијата. ВМРО – ДПМНЕ предупредува дека   откажувањето на еврообврзницата го урива угледот на земјата, што во иднина ќе ни донесе многу високи камати.

Следното издавање на еврообврзница веќе е многу ризично како од аспект на тоа дали ќе има интерес после ваквото промашување и доколку го има која ќе биде цената која ќе ја платиме, а секако ќе биде повисока отколку денес. Затоа што со ваквото однесување Владата испрати сигнали за нестабилност, неизвесност, а тоа ќе резултира со повисоки каматни стапки. И она што е клучно, кој е одговорен за сето ова? Издавањето на еврообврзница е премногу скапа работа за Македонија. Ангажирани беа четири меѓународни финансиски институции кои наплаќаат високи провизии, вели Гордана Димитроска Кочоска од ВМРО – ДПМНЕ

Од Владата се правдаат дека Никола Тупанчевски, како последен филтер не ставил потпис на еврообврзницата не заради што немал волја туку заради процедура, а инвеститорите биле информирани и уверуваат дека откажувањето на еврообврзницата немало да го намали кредитниот рејтинг на земјава. 

Реклама

Според Законот, процедурата ќе мора да се повтори кога ќе добиеме нов министер.  Ова значи  одново ангажирање на инвестициските банки кои посредуваат  при издавање на еврообврзница што ќе чини и време и пари.   Експертите предупредуваат дека со ова Македонија станува несигурна во очите на инвеститорите , а можно е новата обврзница да биде со уште повисока каматна стапка.

Овој нов процес ќе привлече повторно инвеститори но е прашањето како фиансиските пазари ќе реагираат на оваа ситуација затоа што ќе после ова земјата станува понесигурен издавач на хартии од вредност и можно е да се соочиме дури и со нешто повисока камата за новоиздадената емисија на еврообврзницата иако тоа и немора да биде случај, се зависи од моменталната состојба на пазарот. Постои потенцијал за евентуално корегирање нагорно на каматната стапка која че ја добиеме, вели Зоран Ивановски , универзитетски професор

Одлуката за издавање на еврообврзница беше донесена на владина седница на шести февруари и истиот ден  била претставена пред инвеститорите. Во Министерството за правда стигна дури во вторникот, кога немаше кој да ја потпише бидејќи оставката на Никола Тупанчевски беше констатирана во понеделникот , истиот ден кога му престана мандатот и на неговиот заменик Агим Нухиу.

600 милиони евра кои ќе се обезбедеа со еврообврзницата требаше да се користат за да се покријат долговите кои доспеваат во 2023. Еврообврзницата требаше да се исплаќа 4 години по каматна стапка од 6,25 отсто, што за новата обврзница веројатно ќе е повисока. Најмногу од парите односно над 450 милиони евра ќе се трошеа за отплата на седумгодишната обврзница од 2016 година.  

Кристина Алексиеска