Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Ангел Џамбаски се пишмани – место во Скопје заврши во Благоевград

Ангел Џамбаски се пишмани – со денови најавуваше дека ќе дојде во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ангел Џамбаски се пишмани – со денови најавуваше дека ќе дојде во Скопје а на крајот заврши во Благоевград.

Веста за неговото доаѓање,европратеникот не испушташе прилика минативе денови да ја најави кај стигне, дури и се закани со атентат на претседателот Стево Пендаровски доколку биде спречен во намерат, за на крај да го чествува македонскиот револуционер Делчев кај нив во Бугарија. Преку видео објавено на социјалните мрежи тој повторно ја навредуваше Македонија, но и случувањата на граничните премини.

Ги запираат бугарските граѓани, ги задржуваат, ги малтретираат. Тактиката не е да ги запрат луѓето, затоа што немаат причина за тоа, но сосема спокојно можат да задржуваат автомобили и автобуси по неколку часа, само за бесрамно да ги задржуваат. Вашите колеги, но и Бугарите кои се на границата, ми кажаа дека нема утврдено време во кое бугарската делегација ќе положи цвеќе. Тоа е невиден срам…. Ако продолжат овие провокации, одложувајќи ги луѓето, апсолутно е навредливо за сеќавањето на Гоце Делчев да учествува во таков „циркус“ и да виси на граница како дел од антибугарска кампања, порача Џамбаски преку видео објава на социјалните мрежи.

Реклама

Покрај видеото, тој и преку објава на Фејсбук повторно испрати провоцирачки пораки, алудирајќи дека Македонија е таа која предизвикувала, а отиде и чекор понатаму.

Во исто време дознавме дека државата Северна Кореја, со која се граничиме на југозапад, ги затворила сите свои граници со Бугарија. Не дозволува ниту граѓани, ниту новинари. Никој.

Се прашувате кој ги провоцира во моментов? Очигледно ги исплашивме по ѓаволите. Штом се затворија границите, само затоа што сме со Вмро Бнд Благоевград во срцето на бугарски Пирин #Македонија

Им ја прекинавме струјата, од далечина, оттука. Замислете да решевме да ги преслушаме во живо, во Скопје, напиша Џамбаски.

Џамбаски беше последен пат беше во Македонија за чествувањето на Мара Бунева кога порача дека Македонија и Бугарија биле едно, дека нема македонски народ, но и дека ТВ Алфа била просрпска.

Македонските институции никогаш директно не одговорија дали ќе биде прогласен за персона нон грата заради навредите и провокациите но и заради заканите кон шефот на државата.

Мери Симоновска