Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Алфа дознава: Предистрагата за Онкологија нема да заврши следните четири месеци

Што истражува јавното обвинителството за скандалот на онкологија? Речиси два месеци има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што истражува јавното обвинителството за скандалот на онкологија? Речиси два месеци има предистрага, но детали не се соопштуваат. Неофицијално, од извори во обвинителството дознаваме дека предистражната постапка ќе трае уште четири месеци. Зошто е потребно уште толку време, објаснување нема.  Во меѓувреме, сите очи на јавноста се вперени кон собраниската Анкетна Комисија преку сведечоењето на екс министри, функционери и од јавниот обвинител. Граѓаните очекуваат расветлување на случајот и конкретни виновници, ама се плашат дека надлежните органи нема да им пресудат на најодговорните.

Онколошките пациенти продолжуваат со протести секојдневно пред ЈО. И нема да престанат се додека случајот не добие разврска.

Од ОЈО за Алфа велат дека предистрагата трае и нема ништо ново околу постапката.

Реклама

“Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија” – велат од ОЈО за Алфа.

Притисок за да има поскоро разрешница прави и Анкетната комисија. Пратеникот Петар Ристески вели дека јавниот обвинител и МВР не треба да помислат да застанат во одбрана на грозоморното случување во клиниката за Онкологија.

Обвинителството ги има сите информации. Јавниот обвинител во овој момент, и во целокупната негова работа генерално претставува ангел чувар на оние кои што го кршат законот, на луѓето кои практикуваат криминал и корупција. И за тоа сме дојдени до оваа ситуација до каде што сме дојдени вели пратеникот Петар Ристески.

За следната седница на Анкетната Комисија треба да сведочат претставници од Министерството за здравство.