Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

„Алкалоид” и Фондацијата „Трајче Мукаетов” со донација од 170.000 евра за болницата во Кавадарци

„Алкалоид” и Фондацијата „Трајче Мукаетов” со донација од 170.000 евра за болницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Алкалоид” и Фондацијата „Трајче Мукаетов” со донација од 170.000 евра за болницата во Кавадарци.Просторот од над 350м2, кој речиси три децении стоел незавршен, како што се посочува, денеска официјално беше отворен. Новото одделение е изведено во согласност со сите современи стандарди и прописи за здравствени објекти и се состои од дел за престој на пациентите, дел за интензивна нега и дел за медицински персонал.

„Иако денешниот повод за посета е пуштање во работа на само еден оддел од оваа болница, која претставува исклучителен пример за функционирање на јавното здравство, ние како компанија ќе ја продолжиме нашата поддршка тука во Кавадарци.“ – рече Живко Мукаетов – Генерален директор на „Алкалоид“.

Во изминатите три години, болницата во Кавадарци е кадровски зајакната со вкупно 86 лица. Оваа здравствена установа опслужува близу 100.000 граѓани од повардарискиот регион и има висок степен на експертиза во повеќе специјалистички области, велат од „Алкалоид АД Скопје”.

Реклама