Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Од два милиони до дури 4 милиони патници годишно за само неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од два милиони до дури 4 милиони патници годишно за само неколку години. Бумот во авиосообраќајот го зголемува оптимизмот кај владата која очекува бројот на патници од двата македонски аеродрома да продолжи да урива рекорди. Вицепремиерот Николоски смета дека ваквите амбиции за 2027-та се остварливи. Развојот на авиосообраќајот во Македонија дополнително го засилува додавањето на 7-миот авион во флотата на Визер во базата на Скопскиот Аеродром. Соработката на државата со унгарската авиокомпанија според обемот на летови и бројот на дестинации до кои лета е на ниво на национален авиопревозник.

„Ова е големо достигнување, со кое не можат да се пофалат ниту многу национални авиокомпании. Често знам да кажам дека Виз ер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките и дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси се резултат на заедничка работа. Ако минатата година, само компанијата Виз ер превезе 1.700.000 патници, веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патници, што јасно го покажува растот. Ако пред неколку години се боревме за два милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, 4 милиони патници годишно е нешто што е реално остварливо“ – вели Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Новиот авион на Визер значи повеќе дестинации, поголема фрекфенција на летови, поголеми можности за луѓето од дијаспората и туристите. Надлежните се согласни дека зголемениот авиосообраќај и тоа како влијае врз обемот на работа на туристичкиот, угостителскиот и хотелиерскиот сектор, а во крајна мера го билда туризмот и економијата во целина.

Реклама

„Седмиот авион е директно поврзан со економскиот развој на земјата и со поцврстата интеграција во европските и глобалните економски текови. Со ова се поддржува модернизацијата на инфраструктурата, регионалната поврзаност и позиционирањето на Македонија како динамична и добро поврзана држава“, изјави Неџат Курт , генерален директор на ТАВ Македонија.

„Овде сме повторно да ја потврдиме нашата посветеност на Македонија. Ќе имаме повеќе летови, повеќе можности за Македонија. Воведуваме нови рути со овој авион. Самошто почнавме да летаме до Алгеро и Палермо, го шириме нашето портфолио. Ги зголемуваме френфекциите на летови, имаме повеќе производи, поголема поврзаност до дестинациите како Берлин, Дортмунд, Малме и други“ – вели Андраш Сабо, офицер за развој на авиолинии на Визер.

Скопскиот и охридскиот аеродром рушат рекорди. Ако лани преку двата аеродроми се превезле 3,5 милиони патници, сега само за 6 месеци поминале  два милиони. Од нив, дури милион и 200 илјади патници летале со Визер. Компанијата во јуни и јули ги лансираше летовите од Скопје до Палермо во Сицилија и Алгеро во Сардинија, а од Охрид до полските градови Катовице и Вроцлав. Сето ова резултираше скопскиот аеродром да биде најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија  и најдобар според растот на бројот на патници меѓу аеродромите со кои оперира турски ТАВ.