60 спортски проекти за само две години вредни над 21 милон евра, се реализирани во Министерството за спорт.И ова не е политичкапропаганда, туку факт, вели министеротза спорт Борко Ристовски во отчетот за сработеното. Во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капиталн иинфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“,спортски сали сали во Крушево, Аеродром и Воената академија, нови трибини на стадионот во Тетово, атлетски патеки во Велес и во Гевгелија, а изградени се и 9 нови базени низ државата.
–Ја реконструиравме спортската сала во Радовиш, ја обновиваме спортската сала на УКИМ, објект кој со години тонеше, пропаѓаше и се уништуваше поради негрижа и неодговорност. 05.10 Паралелно со тоа саниравме,изградивме,и реконструиравме голем број спортски игралишта мултифинкционални терени и спортски објектиниз целата држава-истакна министерот за спорт Борко Ристовски
Македонија во последниот период беше домаќин на два големи спортски настани, со кои, како што вели министерот за спорт, се потврдило дека државата може да организира манифестации на највисоко ниво и според највисоки стандарди.
– Разликата денес е повеќе од очигледна тие за 4 години 33 проекти а ние за две години 60 проекти. Тие оставија руинирани објекти ние градиме нови-истакна министерот за спорт Борко Ристовски

Ристовски најави продолжување на нови капитални инвестиции, изградба на спортски објекти и засилена поддршка за федерациите, клубовите и младите спортисти. Министерството за спорт е формирано за прв пат во 2024 година. Претходно, спортот не беше во фокусот на државата, туку беше во надлежност на Агенцијата за млади и спорт. Со новата реорганизација на институциите, таа агенција беше трансформирана, а спортот доби статус на посебен ресор во рамки на Владата предводена од Мицкоски.
