Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Ја убил, ја оставил во шумата, па се јавил во полиција да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја убил, ја оставил во шумата, па се јавил во полиција да пријави дека жена му исчезнала . Откако го пријавил исчезнувањето, утредента повторно се јавил во полицијата. Овојпат пријавил дека го пронашол телото на 48 годишната сопруга во безживотна состојба и во фаза на распаѓање. На полицијаците им рекол дека мртвата жена ја пронашол во тешко пристапна шума близу селото Летевци. Јавното обвинителство соопшти дека уапсен е 51 годишен маж поради сомнение за убиство. Направена е и обдукција врз телото на пројандената жена, со која е потврдено дека станува збор за насилна смрт.

Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.“- велат од ОЈО.

Истражните органи проверуваат дали тројцата пријатели на осомничениот коишто сите се над 60 годишна возраст, се поврзани со  убиството. МВР откри дека осомничениот прво пријавил дека сопругата се оддалечила од нивниот дом, за утредента да им јави дека ја нашол мртва.

Реклама

На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.“- велат од МВР.

Од Обвинителството информираат дека во тек се повеќе истражни дејствија за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.