Реклама

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Прилози

Над 1300 смртни случаи поврзани со екстремните горештини во Европа

Европа се затоплува двојно побрзо од светскиот просек, а околу 150 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа се затоплува двојно побрзо од светскиот просек, а околу 150 милиони луѓе се изложени на опасно високи температури. Светската здравствена организација предупреди дека од 21 јуни досега во Европа се регистрирани над 1.300 смртни случаи поврзани со екстремните горештини. СЗО повика земјитe итно да воведат мерки за заштита од топлотните бранови.

„Екстремната топлина е една од најсериозните и брзорастечки закани за здравјето и безбедноста што ги претставуваат климатските промени и можат да станат голема опасност по здравјето на луѓето што присуствуваат на масовни собири и спортски настани“, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, на твитер.

Досега највисоката измерена температура е во Германија, на некои места беа измерени 41.7 степени. Во слични услови живеат и жителите на Франција – Париз врие на 40 степени. Швајцарија го искуси најтоплиот јунски ден во својата историја, во саботата во Базел беа измерени 39 степени. Во Германија и во Чешка над 41 степени, а Полска го надмина националниот температурен рекорд. Според експертите, еден од главните причинители за горештините е таканаречена „топлинска купола“.

„Се работи за генерирање на таа топлина локално внатре во Европа поради чистото небо, силната сончева светлина и таа компресијата на воздухот кој се спушта во системот на висок притисок што предизвикува да се кренат температурите“, изјави Лиз Бентли, главен извршен директор на Кралското метеоролошко друштво.

„Многу е жешко во мојот апартман, живееме на најгорниот кат. Сакаме да учиме сакаме да продолжиме со животот нормално но скоро невозможно е.“

Реклама

„Ова е повеќе како топлината што ја добиваме во централна Австралија. Значи целосно е обратно од тоа што очекував, кога се работи за температура, во Варшава.“

„Живеам во многу стара станбена зграда од 1700-тите години и станува многу жешко и нема како да се олади.“

Причина за смрт не е само топлотниот шок. Во Франција до сега се удавиле 74 луѓе панично скокајќи да се оладат. Европските земји не се целосно спремни за вакви феномени бидејќи во Европа само 20% од популацијата поседува клима. Во 2022 поради слични климатски услови починаа 20.000 луѓе. Иако најизложена е западна Европа, се очекува бранот да има ефект и врз југоисточна Европа. На Балканот односно во Хрватска, властите најавија црвено предупредување, а српските метеоролошки станици исто така очекуваат прекумерно зголемување на температурите.