Илјадници пораки за последно збогум денеска пристигнуваат за Владо Јаневски. Македонија се простува од музичката легенда, кој по кратко боледување почина на 65-годишна возраст.
Замина во легендите, оставајќи зад себе огромно музичко и културно наследство, песни со кои растеа генерации и безвременски хитови што засекогаш ќе останат дел од македонската музичка историја.
Според „Авалон продукција“, последното збогување ќе се одржи во среда, на 1 јули, во капелата на Градските гробишта Бутел во Скопје, од 10 до 11 часот, по што ќе следи погребната церемонија.

Во чест на непоправливиот романтичар, утре во 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“, ќе се одржи собир на кој граѓаните, пријателите и почитувачите ќе можат последен пат да му оддадат почит.
