Реклама

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Економија

Божиновска: Енергетската безбедност не познава граници – регионот мора да се поврзе и да настапува како еден енергетски систем

Енергетската безбедност денес е прашање на заедничка одговорност и само преку поврзување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетската безбедност денес е прашање на заедничка одговорност и само преку поврзување на инфраструктурата, усогласување на политиките и заеднички инвестиции регионот ќе може успешно да одговори на идните предизвици, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, каде министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето на регионалната соработка.

-Нашата долгорочна визија е јасна – целосно интегриран регионален енергетски систем кој ќе ги поврзе електроенергетските, гасните и идните водородни мрежи. Од диверзификација до декарбонизација, од интерконектори до заеднички пазари – регионот мора да функционира како еден интегриран енергетски систем. Македонија забрзано се интегрира во европскиот енергетски пазар преку нови интерконектори, регионална соработка и зелена транзиција – рече Божиновска.

Таа нагласи дека Македонија веќе презема конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност преку диверзификација на изворите на снабдување и реализација на клучни инфраструктурни проекти.

Реклама

Во таа насока информираше дека гасниот интерконектор со Грција треба да биде завршен до 2027 година, додека интерконекторот со Србија се движи кон фаза на реализација со очекувано завршување околу 2028 година. Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на природен гас, вклучително и течен природен гас (LNG) преку Грција, со што значително ќе се зголеми сигурноста, флексибилноста и отпорноста на енергетскиот систем.

Осврнувајќи се на интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија, Божиновска потсети дека Македонија во мај годинава го пушти во функција интрадневниот пазар на електрична енергија, што претставува значаен чекор кон целосно поврзување со европскиот енергетски пазар и подобра интеграција на обновливите извори.

Дополнително, на Министерскиот совет беше поздравен напредокот што Македонија го постигна во усогласувањето со европското енергетско законодавство, како дел од процесот за интеграција во единствениот европски пазар на електрична енергија. Министрите ја нагласија важноста од навремено завршување на овој процес, кој ќе овозможи уште посилно поврзување на националните пазари со европскиот енергетски систем.

Министерката испрати јасна порака дека иднината на енергетиката во регионот зависи од заедничкото делување, а денешниот министерски состанок испратил силен сигнал дека сите земји од регионот ја делат истата визија – поголема енергетска безбедност, посилна регионална поврзаност и побрза интеграција во европскиот енергетски систем.

-Интеграцијата во европскиот енергетски пазар е можност да изградиме поконкурентна економија, да привлечеме нови инвестиции и да обезбедиме почиста и посигурна енергија за нашите граѓани. Остануваме целосно посветени на реформите и партнерствата што ќе ја придвижат Македонија и целиот регион кон одржлива енергетска иднина – истакна министерката.

На состанокот, информираат од МЕРМС, беше потенцирана потребата од забрзана диверзификација на изворите на снабдување со природен гас, зајакнување на регионалните интерконекции и координирани политики за поголема отпорност на енергетските системи. Како една од клучните поуки од последните геополитички кризи, кои предизвикаа сериозни ценовни шокови и директно влијаеја врз буџетите на граѓаните, беше нагласена потребата Европа и регионот да го зголемат производството на енергија од сопствени извори и да ја намалат зависноста од надворешни снабдувачи. Во тој контекст, министрите оценија дека инвестициите во нова енергетска инфраструктура, домашните производствени капацитети и регионалната солидарност ќе бидат клучни за стабилно, сигурно и долгорочно одржливо снабдување со енергија.