Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

За околу една недела ќе бидат готови анализите од контролата на цените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За околу една недела ќе бидат готови анализите од контролата на цените на близу 700 основни прехранбени производи што ја спроведува Државниот пазарен инспекторат. Врз основа на резултатите, Владата ќе одлучи какви мерки ќе преземе, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој очекува, со смирување на воениот конфликт, цените постепено да се намалуваат, а како еден од главните владини приоритети го посочи одржувањето на ниска инфлација до крајот на годината.

„Самите анализи ќе кажат во кои групи на производи има најголеми маржи и каде можат да се симнат цените. Каде се оправдани, каде не се оправдани, каде има економска логика, каде нема – тоа ќе ја покаже анализата. Анализата ќе биде готова за брзо време и ќе бидете известени од Министерството за економија и Владата“, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Ристески, заедно со заменик-директорката на Агенцијата за вработување, во Штип извршија увид во пристигнатите апликации во рамки на мерката за самовработување, чија цел е поттикнување на вработувањето и развој на претприемништвото. За оваа мерка се обезбедени 22,3 милиони евра. Во штипската подружница досега се поднесени околу 65, додека во целата држава околу 4.500 апликации. Право да аплицираат имаат млади до 29 години, повратници од странство, како и сите категории на невработени лица.

Реклама

„Очекуваме и овие два дена кои преостануваат од огласот, невработените лица кои имаат сопствени бизнис идеи и сакаат да отпочнат сопствен бизнис да ја искористат можноста и да се вклучат во оваа програма за самовработување“, изјави заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова.

Бројот на активни баратели на работа во државата моментално се движи меѓу 40.000 и 45.000, што е околу 5 до 6% од работоспособното население. Според надлежните, ова претставува најниска стапка на невработеност забележана од осамостојувањето на Македонија.