Кривични пријави за малолетничките, нивните родители и останатите вклучени за сторено кривично дело ,,насилство” и ,, запуштање и малтретирање на малолетно лице”, откако целосно ќе се расветли случајот со врсничко насилство во скопски Аеродром. Инцидентот во кој малолетнички тепаат и малтретираат врсничка, ја вознемири јавноста и повторно ја отвори дебатата за тоа колку родителите се самокритични и свесни за својата улога во растењето на децата во насилни личности.
Дел сметаат дека независно од тоа дали правилно си ја вршат улогата, родителите не секогаш успеваат да останат имуни на влијанијата од надворешното опкружување на децата.
Во Ѓорче Петров, малолетничка беше жртва на физичко и психичко малтретирање од врснички, по што беа поднесени кривични пријави. Овие случаи повторно го ставаат врсничкото насилство во фокус и не’ потсетуваат дека неговата превенција треба да почне порано- во семејството и училиштата.
