Реклама

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Прилози

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Социјалдемократте двапати ја казнуваат дијасората. Нивното владеење ги исели граѓаните, а сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалдемократте двапати ја казнуваат дијасората. Нивното владеење ги исели граѓаните, а сега во дует со Левица преку 13 илјади амандмани сакаат да ја спречат дијаспората да гласа. Премиерот Христијан Мицскоки ги обвини СДСМ и Левица за блокада на донесувањето на новиот Изборен закон и спречување на електронското гласање на македонската дијаспора. Според него, СДСМ и Левица немаат доверба во иселениците и намерно блокираат за нашинците во странство да не им се овозможи полесно да го остварат своето избирачко право. Мицкоски оцени дека станува збор за политички филибастеринг и порача дека гласањето на дијаспората е „црвена линија“ од која Владата нема да се откаже.

Она што ние го направивме изминатите месеци беше конструктивна дебата во рамките на Парламентот, онаму и каде што треба да се дебатира. И се беше готово, се беше завршено, се беше усогласено кога станува збор за Изборниот законик. Во последен момент политичката партија Левица одби да се потпише на поднесокот до парламентарците, односно одби да го потпише на Изборниот законик кој што тие го предлагаа, кој што тие го усогласуваа, а ние им прифаќавме се што сакаа, се што е во согласност со нормалното однесување, вклучително и парите за финансирање на кампања, нешто што им беше најбитно. Тоа им беше главен приоритет. Да имаат повеќе пари за кампања, се им прифативме и рекоа не, ова ние нема да го потпишеме, ви ветуваме нема да правиме филибастеринг со амандмани, вие изгласајте го, ние ќе бидеме воздржани, ссакајќи притоа да се претстават повторно лажно пред нивните поддржувачи, еве тие се ти кои што се принципиелни а сите остамнати се против нив, правејќи се жртва на тој начин, а во суштина 4 месеци заедно преговараа со сите пратенички групи и ова е порака до нивните гласачи: замислете да им дадете можност да управуваат со институции, замислете да им дадете можност тие да одлучуваат за вашата иднина, кога во очи ве лажат, ве гледаат во очи и ве лажат, а позади завеса нешто сосема друго права“, вели Христијан Мицкоски.

Власта ги прифатила речиси сите забелешки и предлози на опозицијата за измените на Изборниот законик, вклучително и оние што се однесуваат на финансирањето на изборната кампања. Според Мицкоски, од Левица биле најсегнати за финансиите, но им се удоволиле на сите забелешки. Сепак, СДСМ и Левица во последен момент се повлекле од договореното и наместо поддршка, излегоа со блокада.

Реклама

Впрочем, се сеќавате на она сведочење на поранешниот претседател на владата Зоран Заев кога јасно кажа дека се обезбедувале ресурси за да Левица одземала гласови од ВМРО-ДПМНЕ на едни парламентарни избори, а потоа ако добиеле пратеници требало да бидат во Коалиција со СДСМ и да ја поддржуваат неговата Влада. Тогаш избега претседателот на Левица, а сега повторно бега. Затоа порака до сите оние кој што ја поддржуваат оваа политичка партија. Ако тие едно прават со месеци, за друго зборуваат, замислете да им дадете можност замислете што ќе прават и како ќе се однесуваат“, вели премиерот Христијан Мицкоски

Инаку, измените на Изборниот законик се дел од реформската агенда на Владата и од обврските што државата ги презеде во рамки на евроинтегративниот процес. Предлог-текстот е подготвуван подолг период, а во него се вградени препораки на мисијата на ОБСЕ по претходните изборни циклуси. Измените има во правилата за финансирање на изборните кампањи, унапредување на изборната администрација, ажурирање на Избирачкиот список, како и воведување можност за електронско гласање на дијаспората.

Предлог законот влезе во собраниска процедура, но не ја помина Комисијата за политички систем откако СДСМ и Левица поднесоа околу 13 илјади амандмани.