Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Зошто сѐ почесто „Брзата помош не е доволно брза“?

И треба ли итна помош на Итната медицинска помош во Скопје? Само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И треба ли итна помош на Итната медицинска помош во Скопје? Само седум медицински екипи дневно стојат на располагање за 600 илјади граѓани во главниот град.Тоа значи тим од еден доктор, медицинска сестра и возач опслужуваат повеќе од 90 илјади луѓе. Слабата покриеност на теренот ја потврдуваат и искуствата на пацинетите. Се повеќе се жалат дека чекаат по еден час за да дојде возило со Брза помош. Покрај кадровската, лоша е и техничката страна. Во моментот, Итната помош  располага со 10 возила од кои се корстат 7 бидејќи толку медицински екипи има во Скопје, од тие комбиња речиси сите се амортизирани. И покрај поплаките од граѓаните раководителката на оваа здравствена установа Милица Бубало, тврди дека ситуацијата не била така алармантна ама секогаш можело подобро. Таа уверува дека екипите прават се што е во нивна моќ за да стигнат најбрзо што можат, а на граѓаните им порача сами да си проценат дали пациентот е во животозагрозувачка состојба или не. Пред да се јават на 194, да се стават во позиција на доктори па самите да видат дали болниот е за на матичен докотр или за брза реакција, од брзата помош која и не е така брза.

“Граѓаните не можат сами да направат до некаде проценка на итноста и сметаат дека одредени здравствени состојби кај нив претставуваат итни.Јас пак ќе апелирам до граѓаните, дека одредени здравствени состојби кој се подолг временски период, па еве и температурата таа не е итна состојба.Значи треба да се јават на матичен доктор да се консултираат со него” – вели Милица Бубало, раководител на ИМП Скопје.

Со седум екипи докторите од Брза помош не оприраат само во централното градско подрачје. Од Катланово до Зелениково општина Илинден, Сарај, Матка сите овие пригратски места зависат од оваа служба. Како друг горлив проблем за доцнењето, Бубало го спомена и сообраќајниот хаос во Скопје.

Реклама

“Екипи никогаш не се доста.Во еден момент може сите да се во сите пунктови а во следната секунда сите да се излезени на терен, така да зависно од моменти и ситуации” вели Бубало.

За жалбите и поплаките околу доцнењето на Брза помош, Алфа минатата недела објави сторија каде што, Соња Стамбовска од Карпош која сама се грижи за својата 94 годишна мајка Јела, која боледува од Алцхајмер и има повеќе хронични заболувања води битка со брзата помош. Таа јавно кажа дека во моменти кога лекарската екипа и била најпотребна не и помогнала и кажа дека била ставена и на црната листа на оваа служба.