Бугарите мора да влезат во Македонскиот устав како услов за преговори, но дали и колку Македонци ќе учествуваат во Европските институции, дали ќе имаме Комесар и уште поважно, дали Македонскиот јазик ќе биде рамноправен со другите во Унијата, ќе се преговара дури откако ќе заврши целиот процес.
Поглавјата 34 и 35, кои се занимаваат со овие теми воопшто ги нема во преговарачката рамка за Македонија. Посебно проблематично е осуството на поглавјето 34, бидејќи токму таму се преговара за учеството на државата во функционирањето на институциите кои се срцето на Унијата, односно нашето учество во Европскиот парламент, Европската комисија, во Советот, судот на правдата, но и употребата на јазикот. Според професорката Тања Каракамишева ова е многу проблематично, затоа што и самата власт тврди дека преговрачката рамка е тешко да се промени.
Точно е дека во преговарачката рамка која што е усвоена од Советот на ЕУ за Македонија, не ги содржи поглавјата 34 и 35 и посебно проблематично е непостоењето на поглавјето 34 во 6те калстери кои се утврдени за преговори. Промената на преговарачката рамка од страна на ЕУ, речиси е и невозможно да се промени. Освен ако сите 27 земји членки не одлучат по иста постапка по која што е усвоена преговарачката рамка да се направи некаква промена, вели Тања Каракамишева – универзитетски професор.

Таканаречентото изчезнување на овие поглавја од кластерите за преговори со земјите кандидати е предвидено со новата методологија што ја усвои Европската Унија по притисокот од Франција, уште во 2020 година. Овие две поглавја ги нема во рамката и за Албанија, но и за Србија. Според новите правила на ЕУ, поглавјата 34 и 35 ќе се отвараат пред самиот прием, односно откако целосно ќе завршат преговорите за шесте кластери.
Нашата преговарачка рамка ја рефлектира новата методологија на поглавјата кои се поделени по 6 кластери. Поглавјата 34 Институции и 35 Други прашања се вон преговарачката рамка, за нив не се преговара, и ќе бидат третирани пред потпишувањето на договорот за пристап во ЕУ, велат од Секретаријат за европски прашања.
Професорката Каракамишева го поставува прашањето зошто тогаш сменивме име, се откажуваме од речиси се македонско и ги задоволуваме бугарски диктати ако воопшто нема можност да не учествуваме во институциите на ЕУ.
Јавно ги повикувам надлежните институции, посебно надлежниот Бујар Османи и Маричиќ да и објаснат на македонската јавност за што преговараме, за што ќе преговараме, ако не за наше учество во европските институции? Зошто не го објаснуват моментот со изостанувањето на поглавјето 34 па и 35 во преговарачката рамка, вели Тања Каракамишева – универзитетски професор.
Како што е познато, во моментов Македонија уште нема ни започнато формални преговори со Европската унија поради тоа што власта спротивно на волјата на народот вети уставни измени, кои не може да ги испорача. Ескепртите веќе подолго време предупредуваат дека влегувањето на Бугарите во уставот се само почетокот, и дека во целиот процес на преговори Македонија ќе треба да прави нови и уште потешки остапки.
