Реклама
Прилози

🎥 Зошто Филипче дури сега се сети да ги брани националните интереси? Наместо одговор, ги нападна новинарите – ширеле лажна кампања

Откако сменија знаме и име, сега СДСМ најавуваат дека ќе ги спасувале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако сменија знаме и име, сега СДСМ најавуваат дека ќе ги спасувале националните интереси. По години безидејност и прифаќање на сите ултиматуми од соседите, претседателот на опозициската партија, Венко Филипче нуди нова резолуција која наводно треба да биде гаранција за македонскиот идентитет. Собранието изгласа слична резолуција во 2021-та. За неа гласаше и СДСМ, но само една година подоцна целосно ја погази со прифаќањето на францускиот предлог кој освен што ги загрози националните интереси, ги блокираше и евроинтеграциите. Сега, предизборно, повторно ја отвораат темата за исцртување на македонски црвени линии кои тие во повеќе наврати ги погазија.

„Ќе го видиме документот оваа недела, па ќе разговараме за следните чекори. Ако има чесен пристап од власта, во најмала рака ќе седнат и ќе разговараат дали на лидерска средба дали во парламентот“, изјави Венко Филипче, претседателот на СДСМ.

Прашан зошто токму сега и зошто повторно резолуција, Филипче прстот го впери кон новинарите – вели тие ги загрозувале националните интереси со нивните прашања и со темите кои ги третирале.

Реклама

„Не се распродадени никако македонските национални интереси, тоа е само една лажна кампања, и сметам дека не треба да ја продолжувате, не треба да ги лажете граѓаните затоа што тоа е сериозна работа со која ги загрозувате националните интереси на граѓаните“, изјави Венко Филипче, претседателот на СДСМ“, изјави Венко Филипче, претсеедател на СДСМ.

Премиерот веќе ја отфрли идејата за нова резолуција зашто, како што вели, СДСМ и ДУИ веќе еднаш гласале декларација за неприфаќање на ултиматум од Софија, но потоа прифатиле се и целосно ги поткопале македонските позиции.

„СДСМ и ДУИ го потценуваат народот. Игрaат на картата на кратка меморија. Ама граѓаните добро знаат, прво донесоа декларација дека нема да се менува името, па го променија. Рекоа дека ќе го почитуваат референдумот, па не го почитуваа. Сè што ветија, изневерија“, изјави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски.

Инаку Филипче излезе и со обвинување за министерот за надворешни работи – тврди дека наместо да ја придвижи држвата кон Европската Унија, тој преговорал за поевтин роаминг.

Муцунски експресно му одговори – преговорите не се блокирани зашто тие никогаш и не започнале токму поради СДСМ и ДУИ.

Зборувам и работам и за поевтин роаминг за македонските граѓани. Но зборувам и за зачуван идентитет, достоинство и гордост. И да, не зборувам за виткање кичма, за администратори, за договори под маса, за прифаќање уцени или ултиматуми, како што тие го правеа тоа. Тука има разлика – и граѓаните ја гледаат таа разлика“, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Инаку опозицискиот лидер излезе со предлог за нова резолуција веднаш по враќањето од одмор. Филипче речиси еден месец не беше присутен во јавноста, освен преку папарацо фотографиите кои се појавија од луксузната јахта која ја делеше со поранешниот премиер Заев на Егејското Море. Можеби, одморот бил работен, па таму сегашниот и бившиот лидер на СДСМ, договорале како да ги заштитат македонските национални интереси или поверојатно колку толку да го ублажат неизбежниот пораз на претстојните избори.