Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Зоран Илиевски во „Бизнис клуб“: Семејниот бизнис се гради со визија, преземање ризици и со инвестиции

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е Зоран Илиевски, главен оперативен директор и менаџер за развој на бизнисот „Актива“ ДОО Штип. Со повеќе од 15 години искуство во металното производство и фабрикација, Илиевски зборува за развојот на семејниот бизнис, неговата трансформација во извозно ориентирана компанија и за клучните фактори за одржлив развој.

Компанијата „Актива“ ДОО Штип е основана во 1999 година, а на здрави темели ја поставил неговиот татко, кој го изградил фундаментот на компанијата и кој своето знаење и искуство несебично им ги пренел на своите деца. Денес компанијата успешно ја водат членовите на семејството комбинирајќи традиција, иновативност и современо менаџирање.

Својата професионална кариера Зоран Илиевски ја започнал како инженер по компјутерско инженерство и автоматизација во семејната компанија, а денес како главен оперативен директор на компанијата и како менаџер за развој на бизнисот раководи со тим од над 550 вработени. „Актива“ работи во неколку стратешки сектори: автомобилската индустрија, градежништвото, железничката индустрија и GSE (опрема за сервисирање земја).

Реклама

Зборувајќи за резултатите од своето раководење, Илиевски истакна дека компанијата го зголемила производството за околу 60 %, а бројот на вработени за повеќе од 30 %, достигнувајќи повеќе од 580 вработени. Денес „Актива“ ДОО извезува на пазарите во Европа и во Северна Америка и соработува со реномирани меѓународни компании:  „Тисен Круп“ Германија, „Ван Хол“ Белгија и „Фастглобал солушн“ САД. Дополнителен чекор за присуство на меѓународните пазари е стекнувањето на Сертификатот за учество во НАТО-тендерите (2024), со што компанијата доби пристап до НАТО-пазарот.

Во поткастот Илиевски ја нагласи поддршката од локалната самоуправа посочувајќи дека соработката со градоначалникот на Штип треба да претставува позитивен пример за тоа како треба да функционира партнерството меѓу бизнисот и локалната власт.

Зборувајќи за спецификите на семејната компанија, тој посочи дека тие носат предности и слабости. Судирот на генерации и различните визии за идниот развој може да бидат слабост, но брзото носење одлуки, флексибилноста и подготвеноста за преземање ризици се клучните предности.

„Во семејните компании преземањето одредени ризици, континуираните инвестиции и иновации и носењето побрзи одлуки, без чекање одредени процедури карактеристични за големите компании, придонесуваат за побрз раст и за приспособливост на новите чувствителни пазари. Но неопходно е да се изгради и второ ниво на менаџмент, кое активно ќе учествува во управувањето и кое ќе преземе голем дел од одговорностите за компанијата да може да биде иновативна и самоодржлива“, истакна Илиевски.

Зборувајќи за иднината на „Актива“, тој потенцираше дека растот на компанијата мора да се темели на јасна визија и конкретен план за наредните 5 до 10 години. Тоа подразбира  континуирано реинвестирање на добивката, следење на новите технологии и трендови во металургијата и преземање ризици со нови инвестиции во нови проекти. За растот, според него, придонесува и соработката со странските компании, од кои може да се учи и да се црпат искуства. „Најважно е развојот да биде насочен кон нови производи и услуги со поголема додадена вредност“, заклучи Илиевски.