Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Зоран Јаневски нов в.д .директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион

Со Центарот за развој на Вардарскиот регион со седиште во Велес во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со Центарот за развој на Вардарскиот регион со седиште во Велес во кој влегуваат девет општини нов вршител на должноста е Зоран Јаневски од Велес, досегашен директор на ЈП „Парк-спорт и паркинзи“.

Тој функцијата в.д директор ќе ја извршува во наредните шест месеци се’ до изборот на нов директор.

Јаневски едногласно бил избран на втората седница на Вардарскиот плански регион одржана на 24 декември во Градско.

Реклама

Јаневски најави дека во наредните денови ќе ги разгледа усвоените проекти за  2026 година и дека ќе работи на обезбедување на средства за нови проекти од деветте општини од Вардарскиот плански регион.

Јаневски има дипломирано на Машинскиот факултет во Скопје. Има работено во Општина Велес и во ЈП „Парк-спорт и паркинзи“ како директор од каде ја превзема новата функција. основач е и на Здружението на граѓани „Велес бајкинг“ кое организира повеќе велосипедски тури во регионот.