Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Злоупотреба, трговија со луѓе, наркотици – социјалните мрежи сериозна закана за децата и младите

Изолација од реалниот свет, оддалечување од родителите и сите блиски луѓе, пораст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изолација од реалниот свет, оддалечување од родителите и сите блиски луѓе, пораст на насилство, продажба на наркотици, жртви на трговија со луѓе, депресија. Социјалните мрежи можат да имаат исклучително штетен ефект на децата и адолесцентите, предупредуваат експертите. „Фејсбук“, „Инстаграм“, „ТикТок“, се еден од главните двигатели на социјалната криза кај најмладите. Иако овие мрежи имаат и позитивни аспекти како поврзување на младите, комуникација и развивање нови вештини, нивната злоупотреба може да има опасни последици.

Проблемот е и со лажните информации, денес секој може да сподели се, ги распострануваат теориите, неразумни теориги, секој може да стави свое мислење што малите луѓе го читаат  и го земаат здраво за готово, ветуваат во тоа. Лажните профили исто така, младите луѓе се лесна мета за секаква злоупотреба од секаков вид. Да се сретнат со некои луѓе, продавање на наркотици, трговија со луѓе, мора да ги учиме младите луѓе да им покажеме како игледа тоа користење на социјални мрежи бидејќи тоа може да предизвика и булинг, емоционална злоупотреба, вели универзитетската професорка, психолог, Мирјана Јовановска Стојановска.

Мора да се укаже да опасностите бидејќи децата лесно можат да изгубат допир со реалноста и премногу да навлезат во виртуелниот свет. Така може да го изгубат емоционалниот контакт, да станат асоцијални, затворени и депресивни.

Реклама

Социјалните мрежи се дел од нашата реалност. Би било погрешно да ги изолираме младите, бидејќи имаат и корисни страни, вештачката интелигенција итн. Но ако не им ги укажеме опасностите, како да ги користат и како да ги имаат за нивно добро, и тогаш одиме во друга насока. Тие мрежи влијаат на нивната реалност и не е во ред таа реалност да стане виртуелна бидејќи го губат допирот со реалноста, учењето, социјализацијата, училиштта се тие работи кои се многу важни за да се изгради една одговорна,зрела личност. После, можат да изгубат емоционален контакт, недоволно обрнување внимание премногу оставање детето да остане на мреќите, може да има последици.  Опасноста е тоа што децата нема да градат „копинг механизми“ како да жовеат во општеството како да се поврзуиваат како да ги решаааат нивните социјални веѓтини ќе остаат осакатени во огромен дел не же можат да најдат пријатели, тоа е една од огромните опасности, додава проф. Јовановска Стојановска.

Истражувањата покажуваат дека  младите кои подолго ги користат социјалните мрежи се соочуваат со ментални, психо-емоционални и физички здравствени последици,  депресија и анксиозност.