Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Златна „Камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“ за кинематограферот Лукас Жал од Полска

Светски познатиот кинематографер од Полска, Лукас Жал е годинaшен добитник на златна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светски познатиот кинематографер од Полска, Лукас Жал е годинaшен добитник на златна „Камера 300“, највисоко признание што го доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Лукас Жал е кинематографер во филмот „Татковина“, копродукциски полско-ителијански, германски и француски филм, кој се фокусира на односот меѓу писателот и добитник на Нобеловата награда Томас Ман и неговата ќерка Ерика, актерка, писателка и возачка на рели кои во 1949 година во екот на Студената војна тргнуваат на предизвикувачко патување низ разурнатата Германија.

Во видео обраќање, годинешниот лауреат се заблагодари на жирито предводено од оскаровецот Воли Фостер, своето отсуство го образложи со професионални ангажмани,  најави скорешна посета на Битола и честиташе на останатите добитници, односно на кинематограферот Жонџијанг Лианг од Кина кој доби сребрена „Камера 300“ и на данскиот кинематографер Паул Шпенгеман кој доби бронзена „Камера 300“.

Реклама

Спред востановената традиција на ИФФК „Браќа Манаки“ вечерва во Битола се доделија железна „Камера 300“ која им припадна на кинематограферите  Максим Катари за филмот „Магарешка убавина“ и на Бенџамин Ечазарета за филмот „Кракатоа“, а со фестивалско одличје се стекнаа и Хулијам Амару кинематографер во филмот „Таму на небото“ кој доби мала „Камера 300“ и Милда Јоудвалките од Литванија која доби кристална „Камера 300“ за камерата во филмот „Покрај ридот на Наполеоновиот шешир“.

Јавна благодарност до тимот и сите што го помогнаа фестивалот искажа директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски, кој потсети дека годинешното издание беше со рекордна понуда.

-Имавме одлична конкуренција, квалитетни филмови, имавме публика, а меѓу нив најмладите, децата кои треба да ги учиме да го сакаат филмот, да ја сакаат кинематографијата. Имавме рекорден број на мастер класови и работилници со кинематографери и автори од филмската индустрија со кои можевме да разговараме со часови во само седум дена и јас сум горд на тоа, посочи Доксевски.

Во моментов во големата сала на НУ Центар за култура е македонската премиера на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на режисерот Срѓан Јанаќиевиќ.