Забележан е пораст на вработувањата на луѓе од албанската етничка заедница во 2023 година, споредено со претходната 2022, извести денеска народниот правобранител, Насер Зибер. Сепак, севкупната бројка на вработени во јавниот сектор за минатата година е помала споредено со таа во 2022-ра. За разлика од албанската заедница, масовното вработување не е случај со другите помали етнички заедници во Македонија.
Според Зибери, кога одредени институции распишуваат огласи за вработување, наведуваат од која етничка припадност треба да биде кандидатот, но не го почитуваат начелото на правична застапеност при реализација на огласите.
