Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Живко Митревски го оспорува легитимитетот на претседателот на ССМ Трендафилов

Шоу пред зградата на ССМ. Поранешниот претседател Живко Митревски тврди дека Слободан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шоу пред зградата на ССМ. Поранешниот претседател Живко Митревски тврди дека Слободан Трендафилов бил избран на нелегитимен конгрес на чело на синдикатот. Според Митревски Трендафилов не бил претседател на грански синдикат и со тоа не можел да биде на функцијата  . Митревски за ова денеска свика прес – конференција, на која се појавија и лично Трендафилов и дел од актуелното раководство на синдикатот, но Митревски не сакаше да ја даде изјавата пред нив

После ова, Митревски застана пред новинарите, а позади него стоеше Трендафилов, слушајќи како неговиот избор за претседател бил нелигитимен, запрашан за која висина на минимална плата би се борел доколку стане прв синдикалец, тој вели ќе постапувал според законот.

Министерството за труд носи решение со кое го одбива барањето за упис на Слободан Трендафилов за претседател на трговија, и со тоа и за в,д претседател, ама тој продолжува со активностите. Лажно се прикажува дека е претседател. Ние како чесни синдикалци ќе бараме покачување на платите, врз основа на закон, вели Митревски.

Реклама

Трендафилов од своја страна посочи дека од Митревски работниците не слушнале ништо друго освен тоа кој треба да биде на чело, тој посочи дека ССМ ќе продолжи со барањата и очекува наскоро да има средба со премиерот Мицкоски по вчерашната изјава во која премиерот ги повика да не потпаѓаат на политички влијанија .

Многу ми е жал што работниците немаа можност да слушнат ништо друго, за нивните плати и права, освен фотелјата, фотелјата… И му ја симнавме фотелјата и му ја дадовме фотелјата. Ние очекуваме да седнеме на маса со премиерот и да разговараме за покачување на платите, знаете дека ССМ е партнер на владата, односно на сите влади, рече Трендафилов.

Инаку, ССМ побараа од Владата минималецот да се покачи на 450 евра веднаш . Според Владата, претходната власт го оставила буџетот во катастрофална состојба, а во моментов за висината на минималната плата се постапувало како што налага законот.