Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Жителите од кичевската населба „Прилепска“ се вратија во уништените куќи по поплавите – локалната власт бара решенија

Жителите од кичевската населба“Прилепска ” се вратија дома,а локалната власт бара начин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите од кичевската населба“Прилепска ” се вратија дома,а локалната власт бара начин како да се справи со поплавувањето на куќите кои на диво се изградени покрај самата река. Со нормализирањето на водостојот и повлекувањето на водата од надојденатa Зајашка река, евакуираните жители заминаа од спортската сала “Христо Узунов” каде што беа згрижени една недела.Се вратија во трошните и оштетени куќи, каде од некогашниот дом останале само влажни ѕидови и кал до глуждови. Поплавата зад себе остави целосно уништена покуќнина – од облека и обувки, до електрични апарати. Во дворовите сè уште има тиња и отпад, а децата, облечени во тенка облека, се валкааат низ калта. Дел од дечињата се болни,а условите во кои престојуваат дополнително го зголемуваат ризикот од инфекции. Жителите велат дека немаат каде да одат и дека се принудени да се вратат во небезбедни објекти, и без основни услови за живот.

–“ Моментално се вративме дома,ама состојбите се малку критични уште. Уште не е исчистено,уште не е исушено чекаме овие денови да се исуши и да видиме што и како;-Немам ништо покуќнина дома,нити каучи немаме каде  да седиме на цименто спиеме; -Сами си направивме дупки во ѕидовите со црево самите ги миевме.Се што имавме внатре во куќите се е запустено. Ни кебиња, ни јоргани, ни каучи, ни фрижидери, ни перални ништо пусто е све.Овде не се живее, еве влезете во куќите се е влага.Све вода е, сношти спиев во вода соси деца;-Моментално е болно детево,овде сме сите поплавени се испоболија,и како е сега ?Па не е баш добар; -Овде вака фала му на Господ што немаше некоја жртва”- велат мештаните

Во спортската сала остана само една жена која нема каде да оди,водата однела се што имала.

Реклама

“ Чекаме од социјално да одлучат каде ќе ме носат,немам јас ништо све е уништено кај мене,иначе ќе се вратев”-вели оштетената жена

Од Општина Кичево  прават проценки на штетите и се бараат решенија за дислокација и згрижување на погодените семејства.

“Ние сме во фаза на изработка на проект во овие два и кусур месеци откако сум дојден како градоначалник,веќе почнавме со изработка на проект за комплетно уредување на речното корито за да немаме повеќе вакви поплавувања и несреќни случаи.Бидејќи  тие куќи се дивоградби направени се на имот на Република Македонија кој што е многу блиску до реката.”-вели градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски

Јовановски како што рече, се прават напори да се оспособат 30-тина социјални станови во кои би се сместиле околу 200 жители кои се поплавуваат при секое покачување на водостојот.