Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Жители од четири делчевски села во заедничка акција го исчистија патот Очипала–Драмче–Вртиславци–Селник

Месните заедници од селата Драмче, Селник, Очипала и Вртиславци спроведоа заедничка акција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Месните заедници од селата Драмче, Селник, Очипала и Вртиславци спроведоа заедничка акција за расчистување на патниот правец што ги поврзува овие населени места.

Акцијата, како што информираат од Општина Делчево, била масовно поддржана од жителите, со оглед дека станува збор за локален пат кој повеќе од две децении бил запоставен, што предизвикувало сериозни проблеми во секојдневното функционирање.

Градоначалникот Гоцевски ја оцени иницијативата како пример за заедништво, грижа и одговорност кон животната средина.

Реклама

– Ова е пример што треба да се пофали и да се следи. Се покажа значењето на месните заедници како активен двигател во решавањето на приоритетните потреби на граѓаните, изјави Гоцевски.

Тој информираше дека во рамки на новиот проект „Недела на селата“ веќе се започнати активности за пробивање на неколку селски патишта во село Полето, со цел подобрување на пристапот до домовите и земјоделските површини.

– Инвестициите во селата се инвестиции во иднината. Силното село значи силна општина и силна држава. Продолжуваме со посветена работа за развој на секое населено место и подобрување на условите за живот, додаде Гоцевски.

Од Општината посочуваат дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел унапредување на инфраструктурата во руралните средини.