Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Жетвата на јачменот е во полн ек во Штипско и Овче Поле

Жетвата на јачменот во Штипско и Овче Поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани.Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци, вели дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна, бидејки не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во пресрет […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жетвата на јачменот во Штипско и Овче Поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани.Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци, вели дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна, бидејки не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во пресрет на жетвата на пченицата бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм.Проценките, според нив се дека приносите на пченицата ќе бидат околу два и пол тона по хектар, а на јачменот околу три тона. 

-Жетвата е веќе во полн ек за јачменот, за скоро ќе започне и на пченицата. Јачменот веќе 50 посто е завршен. Цената на јачменот веќе има понудено од откупувачите и се движи од 9 до 10 денари. За пченицата се уште не знаеме, немаме никаков податок која ќе биде цената, сега за сега е тоа. Па производителите бараат да не биде под 16, затоа што под тоа ќе бидат во загуба, бидејќи тука Овче Поле, Штипско, Пробиштипско, ќе имаме мал принос да речеме на пченица, нема да биде повеќе од два и пол тона по хектар, а за јачменот три тона по хектар. И кога ќе направиме производна цена, излегува дека треба да е 19 денари производната цена или 18 – изјави Серафимов.

Земјоделците велат дека годинава родот е послаб поради слабите пролетни дождови и сушата. Серафимов додава дека земјоделците се надеваат оти во наредниот период состојбата ќе се подобри. Очекуваат откупувачите да излезат со повисоки цени, особено за пченицата која допрва ќе се жнее.