Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Жестока расправа за ребалансот на буџетот во Собранието

Жестока дебата во Собранието за прекроената државна каса. Министерката за финансии презентираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жестока дебата во Собранието за прекроената државна каса. Министерката за финансии презентираше ребаланс на буџетот со расходи од 5,85 милијарди евра, приходи од 5,2 милијарди евра и дефицит од 726 милиони евра. Ќе има повеќе пари за раст на платите и пензиите, за здравство, за изградба на патишта и пруги. Се крати од владата, службата за општи и заеднички работи, министерството за одбрана. Се додава кај МВР, индустриските зони, земјоделците, за здравствена заштита. Капиталните инвестиции се на нивото од 730 милиони евра

Пратениците од СДСМ демантираат дека претходната власт ја оставила државната каса во катастрофална состојба. Алармираат за високото ниво на јавен долг од 68%. Опозицијата смета дека наместо фискална консолидација, државата се водела кон фискална деструкција.

Расправата во матичната комисија за финансирање и буџет во Собранието ќе трае 10 дена. Пратениците поднеле 58 амандмани. Се очекува Ребалансот на буџетот треба да биде изгласан во собранието на почетокот на август.