Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија. Како што објави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија. Како што објави Жерновски, без никаква претходна најава, информацијата ја дознал неформално по нејзината објава во „Службен весник“.

„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во „Службен весник“ дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на „консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, објави Жерновски на својот Фејсбук профил.

Указот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за отповикување на Жерновски е од 14 февруари годинава.

Реклама

Жерновски како кандидат за нов амбасадор во Романија се претстави пред собраниската Комисија за надворешна политика во ноември 2023 година, а акредитивните писма, официјално ги предаде во март 2024 година.