Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Жените во Македонија поизожени на корупција

Жените во Македонија поизложени на корупција од мажите. Ова го покажува последната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жените во Македонија поизложени на корупција од мажите. Ова го покажува последната анализа на националната мрежа „Жена за жените – „Дојди кај мене после работа, ќе средиме“, „Ќе мораме да најдеме друг начин да завршиме работа“ – ова се најчестите работи кои жените ги слушаат на своите работни места. Според статистиките, жените имаат поголема изложеност на корупција во споредба со мажите, а во Македонија, според експертите, имаме добри закони за родова еднаквост како и институции, тела и комисии за антикорупција но сепак недостасува имплементација на истите.

„Изнудата се случува кога пристапот до право услови или можност зависи од нечие дискреционо да. А за возврат се очекува сексуална услуга. Најгруб, најбезобразен, најбрутален тип на уцена и корупција. И тоа ретко е директно, нема никаква пишана трага, не може да се докаже или многу тешко се докажува и секогаш е маскирано како услуга, јас се знам со тебе, блиски сме итн.“- вели политикологот Гордан Георгиев.

Дополнително, според статистиките, колку повеќе жените се вклучени во креирањето политики и се поставуваат на високи раководни функции, толку повеќе се намалува и корупцијата. Од Државниот завод за ревизија велат дека треба да се охрабрат жените да се вклучуваат повеќе во вршењето на овие функции.

Реклама

„Треба системот да го воспоставиме да може да се чувствуваат слободно, да може да одлучат и да сакаат да бидат на тие раководни функции…. Имаме ние одлични закони и стратегии само требА ДА правиме мерки кои што ќе ги подобрат овие состојби и како ќе одиме повисоко со жени вклучени во раководни позиции нас ќе ни се намалува корупцијата.“ вели Гораст Николовски.

Од ДКСК најавија засилена работа во судовите, подобра антикорупциска клима, како и сет на алатки кои ќе детектираат дали жртва на корупција е маж или жена.

Од националната мрежа „Жена за жени“ најавуваат дека ја продолжуваат нивната броба за заштита на жените како најизложени на корупција, велат борбата не престанува овде, ќе се користат сите држани алатки за стоп на родовата дискриминација.