Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Зголемување на износот за мерките за првачиња и новороденчиња во Делчево 

Градоначалникот на Општина Делчево, Гоцевски, денеска ги потпиша решенијата за исплата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Делчево, Гоцевски, денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен општински надомест за 91 прваче и 22 новороденчиња, во вкупна вредност од 376.629 денари. Мерката, како што изјави градоначалникот, е насочена кон поддршка на младите родители во периодите на раѓање на дете и започнување со образование.

Гоцевски информира дека вкупниот број на новороденчиња во Делчево во тековната 2025 година изнесува 53, што, според него, претставува загрижувачки сигнал за состојбата со демографијата во општината.

Како дел од новите политики за поддршка на младите семејства, тој најави зголемување на еднократниот надомест за прваче и новороденче за 1.000 денари, односно во Буџетот за 2026 година исплатата ќе изнесува по 4.000 денари.

Реклама

Гоцевски додаде дека општината ќе продолжи со креирање мерки кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот и создавање услови за останување и развој на младите семејства во Делчево.