Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Зголемената квота за увоз на работната сила од странство – недоволна за компаниите

Зголемувањето на квотата на работни дозволи за странци, ќе го ублажи, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемувањето на квотата на работни дозволи за странци, ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот со недостатокот на работници. Ова  е ставот на Организацијата на работадавачи, откако вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека квотата од 5000 работни дозволи, се зголеми на 7000. Според работодавачите, новата бројка на работници од странство најверојатно ќе биде недоволна за наредната година, ако се земе предвид фактот дека компаниите постојано се соочуват со недостаток од квалификувана работна сила.

Во овој момент, зголемените барања за увоз на странски работници на еден начин ќе се реши со зголемувањето на квотата, но јас сум сигурен дека за идната година веќе и оваа бројка ќе биде мала. Информиран сум дека многу компании се во тек на подготвуваање на документација и соработка со разни агенции за увоз на работна сила во Македонија изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Но за активистите за работничките права, увозот на работници посебно од Далечниот Исток, може да влијае на цената на трудот на македонскиот работник.

Реклама

За да видеме и дополнително се праша за каде се спремаат овие дополнителни 2000работници. Бидејќи вака како што е работата ние немаме одговори каде се моменталните 5000 и за каде ќе бидат останатите плус 2000. Со ваквите изјави и политики, најверојатно се планира да се намали цената на работникот и да се исплаши„изјави Кристина Ампева од Здружението„Гласен текстилец„.

Македонските компании подолго време се соочуват со недостаток од работници, а според вицепремиерот Битиќи на земјава и недостасуват 10.000 работници. Ова, пред се, се однесува на градежништвото, текстилството, како и во услужните дејности и хотелиерството.