Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Зголемен е бројот на ученици кои се затруле во сендвичара во Штип

Зголемен e бројот на  хоспитализирани средношколци на Инфективното одделение, при штипската Клиничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемен e бројот на  хоспитализирани средношколци на Инфективното одделение, при штипската Клиничка болница, кои се затруле со сендвич од сендвичара, во близина на штипско средно училиште. Вчера на ова одделение се примени уште двајца, од кој едниот пациент е пуштен на домашно лекување. Сите пациенти се од истото училиште. Во моментот на Инфективно, се хоспитализирани петмина, а уште десет се во дневна болница. Пациентите се во стабилна состојба, информираат од Инфективното одделение.

За да се утврди вистинскиот извор на труење штипските епидемилози  при Центарот за јавно здравје, зедоа примероци од инкриминираната храна за лабараториско испитување и брисеви од работните површини. Резултатите треба да бидат готови утре.

„Направивме епидемиолошко анкетирање на сите пријавени лица. Извршена е едукација  на вработените во однос на начинот на спремање на храна, складирање,  како и чување на истата. Дополнително се дадени предлог мерки и земени се брисеви од вработените. Направен е и вонреден санитарен преглед и земени се мостри од храна за испитување„ вели во телефонски разговор, Светлана Живкова, епидемиолог во ЦЈЗ-Штип“.

Реклама

По наредба на инспекциските служби на АХВ и Државниот здравствен инспекторат, сендвичарата е времено зтворена, се до добивање на официјалните резултати.