Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Земјоделието пред колапс – нивите празни, земјоделци нема

Земјоделието пред колапс. Се повеќе запуштени ниви, а се помалку земјоделци во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделието пред колапс. Се повеќе запуштени ниви, а се помалку земјоделци во најплодната котлина во државата.Добар дел во Струмичко на кое во текот на една сезона  се садеа и по неколку култури сега е пустош.

Наместо зеленчук, плевел…ваква е се почесто сликата во Струмичката Котлина. Нивите останале празни, а младите заминале во странство..

Плодното земјиште не успеа да го задржи младото население дома. Речиси и да нема куќа без иселеници во странство. Ако порано ова важеше за западниот дел на државата, сега е актуелна и во југоиточниот регион. 28годишниот Божидар од село Иловица е еден од ретките кои останале дома..

Реклама

  „Целото поле е празно. Нема кој да работи, луѓе не останаа сите побегнаа„ изјави земјоделецот Божидар од с.Иловица. .

Ваква е сликата и во соседните села во струмичкиот регион. Лошата аграрна политика е причина за младите мотиките  ги заменат со билет во еден правец

  „Моментално тешко се живее од земјодечлие. Се е поскапено, ѓубриво, семенски матрејал. Затоа младите бегат, немат интерес да останат овде. Полињата се целосно празни. Нема кој да работи, сите избегаа во странство„ велат жителите на селата Иловица и Сушица. .

Ништо поразлично не е и во струмичката општина Ново Село, која пред неколку години  важеше за основен производител на храна за целата држава но и пошироко.

   Околу 40 до 50% од населението е веќе иселено во Швајцарија, Германија, Италлија и останатите европски земји. Жалам што голем дел од нивите остануваат необработени, но ете бараме со подобрување на условите за живот и со добивање на новата централна власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ги подобриме условите, бидејќи има голем дел од граѓаните кои сакаат да се вратат дома и повторно да живеат овде изјави Ѓоре Божинов, градоначалник на Ново Село.

 И  резултатите од попследниот попис потврдуваат дека младите масовно си заминуваат од државата. На пописот во 2002-та лицата на возраст од 15 до 29години сочинувале 23,8% од вкупното население, а во 2021 се 5одсто помалку. Анализите покажуваат дека во изминатите две децении дури  во 250 села во државата засекогаш згаснал животот.

Александра Ристевска