Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Земјоделците итно да ги соберат дозреаните плодови на отворено за да го спасат родот од ниските утрински температури, апелираат агрометеоролозите

Ниските температури, особено оние под нулата што беа измерени деновиве на некои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниските температури, особено оние под нулата што беа измерени деновиве на некои повисоки места (Демир Хисар, Берово, Делчево, од -0,8 до -2,3 степени), може да предизвикаат сериозни штети во земјоделството, предупредуваат агрометеоролозите и апелираат, производителите итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено, ако сакаат да го спасат родот.

На удар се, велат, пиперката, доматот и компирот, како и доцните сорти грозје.

-Температурите под нулата во овој дел од септември претставуваат ран есенски мраз кој може да предизвика сериозни штети кај културите кои сè уште се во активна вегетација. Влијаат врз зеленчукот и овошјето кои сè уште не се прибрани. Кај едногодишните култури на кои повеќе им одговара топло време, како пиперката, доматот и компирот, можна е појава на оштетувања на листовите и на плодовите, а доколку грозјето од доцните сорти сè уште не е собрано, овие ниски температури можат да ја намалат содржината на шеќер во зрната. Поради тоа, се советува, земјоделците итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено за да го спасат родот, порачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Реклама

Останатите култури се во период на предсеидбена подготовка.

-На оваа фаза треба да ѝ се посвети посебно внимание. Површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по ова да следи дополнителна површинска обработка за да се создаде растресит и иситнет слој во кој правилно ќе се посее семето. Паралелно со обработката, треба да се изведе и основното ѓубрење како клучна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор, на што мора да се обрне посебно внимание, а со ваквата правилна и навремена обработка се создаваат оптимални услови за акумулирање доволно влага во почвата и се стимулира активноста на корисните почвени микроорганизми, објаснуваат агрометеоролозите.

Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви.