Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Здружението „Симентал“ од Делчево: Прекинот на откупот на млеко ќе остави без пласман околу 15.000 литри дневно

Здружението на одгледувачи на говеда „Симентал“ од Делчево на прес-конференција алармираше дека најавениот прекин на откупот на млеко од страна на млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ сериозно ќе го загрози опстанокот на сточарските фарми во регионот и ќе остави без пласман околу 15.000 литри млеко што дневно го произведуваат околу 80 сточари. Од Здружението оценија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на одгледувачи на говеда „Симентал“ од Делчево на прес-конференција алармираше дека најавениот прекин на откупот на млеко од страна на млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ сериозно ќе го загрози опстанокот на сточарските фарми во регионот и ќе остави без пласман околу 15.000 литри млеко што дневно го произведуваат околу 80 сточари.

Од Здружението оценија дека одлуката претставува сериозен удар врз млечното сточарство во делчевско, посочувајќи дека производителите се доведени во ситуација за краток временски период да останат без организиран откуп на своето производство.

-Ве повикавме денес овде, на истокот на Македонија, во Делчевско, не за да бараме милостина, туку за да го кренеме гласот против последната фаза од ликвидацијата на македонското сточарство. Сточарството не е обичен бизнис. Ова е најтешката, најмакотрпната и деноноќна работа во целото македонско стопанство – истакнаа од Здружението „Симентал“.

Реклама

Според нив, дополнителен проблем претставува увозот на сурово млеко и млеко во прав, за кој сметаат дека создава нелојална конкуренција за домашните производители.

Во обраќањето беше посочено дека, за разлика од Македонија, соседните земји преземаат мерки за заштита на домашното производство преку засилени контроли на увозот и финансиска поддршка за фармерите, додека домашните сточари се соочуваат со неизвесност околу пласманот на своето млеко.

Здружението упати четири барања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Владата. Меѓу нив се итна примена на правилникот за квалитет на млекото и млечните производи, ограничување или рестрикција на увозот на млеко во прав, изнаоѓање механизам со кој млекарниците нема да го прекинуваат откупот од домашните производители, како и обезбедување финансиска помош за сточарите од пограничните и загрозените региони.

Од „Симентал“ најавија дека доколку во рок од 48 часа не биде организирана средба со надлежните институции и не бидат понудени конкретни решенија, ќе пристапат кон протести и блокади на патните правци, вклучително и на меѓународниот патен правец кон Република Бугарија.

-Ако нашите цистерни со млеко не можат да влезат во погоните на млекарите, тогаш тоа млеко ќе заврши на патните правци. Подготвени сме за радикални протести и целосни блокади на патиштата и граничните премини“, порачаа од Здружението.

Според нив, актуелната состојба во Делчевско е предупредување дека, доколку не се преземат навремени мерки, слични проблеми може да се појават и во другите сточарски региони во државата.