Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Здружение на инженери: Стратешките закони не смеат да поминат во Собранието без широка дебата

Кристина Алексиеска Законите за стратешки инвестиции не смеат да поминат во Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кристина Алексиеска

Законите за стратешки инвестиции не смеат да поминат во Собранието без дебата со експертската јавност. Здружението на инженери во неколку наврати побара да присуствува на дебатите во Собранието, но од законодавниот дом беа игнорирани оти наводно нивниот допис не пристигнал. Инженерите се револтирани и најавуваат дека нема да се откажат од јавна дебата за законите во кои гледаат закана за енергетската независност на Македонија:

Утре наутро ќе доставиме повторно до собранието за новата закажана седница.  Претпоставувам дали има волја или е нешто друго во прашање.  Електронски ние не само до собранието, до претседателот на комисијата и до сите пратеници, е сега ако не работтат тие електронски тоа е веќе друго прашање, вели Цветко Милошевски од Здружението на инженери.

Реклама

За експертите е спорно што Владата воопшто ги турка законите во предизборен период, кога државата е предводена од технички состав на Илинденска. Се сомневаат дека целиот процес е на брза лента заради лични интереси:    

Ние цениме дека во Владата и во одредени инстуции има заинтересирани личности да помине оваа процедура и пратениците да ги аминуваат нивните предлози. Има некакви измени, меѓутоа нема здрав разум да некој прави измени без воопшто некој да се консултира со сите релевантни институции и мислења од надлежни други согласно законот со стратешки инвестиции, ние мислиме дека овој закон е страшно корумпиран да не се работи за него, вели Милошевски.

Меѓу четирите таканаречени стратешки инвестиции е и изградбата на комбинираната гасна централа во скопска железара од страна на грчки Митилинеос, единствена од наведените за која даваме државна помош од речиси 50 милиони евра за што забелешки имаше и од Министерството за економија, но законите иако на кратко беа повлечени од Собрание, Владата ги врати назад ,а субвенциите од државата останаа. Со изградбата на централата, Македонија добива обврска да ја купува целата произведена електрична енергија и топлина дури и да нема потреба од тоа, а предупредувањата се дека цената ќе биде поскапа и од берзанската.