Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Здравствениот инспекторат ја казни Детска клиника со 5.200 евра бидејќи дежураат специјализанти без дозвола за работа, а специјалистите никаде ги нема

Клиниката за детски болести доби казна од 5.200 евра од државниот санитарен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиниката за детски болести доби казна од 5.200 евра од државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако денеска извршиле инспекциски надзор и биле откриени низа недостатоци.

На детска од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца доктори, но ниту еден од нив не дежура во амбуланта на клиниката. Прегледите во дежурната амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат.

Ова е една од причините поради кои државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска парично ја казни клиниката. Прекршочниот платен налог за клиниката е 4 илјади евра, а за директорот Реџеп Мемеди 1200 евра.

Реклама

Здравствениот инспекторат освен ова, констатирал и дека од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца имало обезбедени времени лиценци за работа и не било поднесено барање до министерот за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на клиниката.

Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. Задравствениот инсепкторат најави дека ќе ја чешла работата на Клиниката за детски болести откако изминатиот период имаше три смртни случаи.

За смртта на 14-месечното бебе суспендирани се две медицински лица, а за смртта на бебето од струмица стручниот надзор од клиниката не утврдил никакви пропусти при третманот. За случајот со 5-годишното девојче, се уште се чека извештајот од стручниот надзор кој треба да утврди дали имало лекарски пропуст.