Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Здравствениот дом во Виница доби донација спирометар

Здравствениот дом во Виница денеска доби вредна донација во опрема – спирометар.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствениот дом во Виница денеска доби вредна донација во опрема – спирометар.

Донацијата е во вредност од 120.000 денари, обезбедена е од Ротари клубот Кочани–Виница и со неа се придонесува кон унапредување на здравствените услуги. Се очекува апаратот да се користи за реализирање активности насочени кон превенција и зачувување на здравјето на граѓаните.

Директорката на Здравствениот дом во Виница, Весна Димитрова, изрази искрена благодарност за поддршката, нагласувајќи ја важноста на ваквите донации за подобрување на условите и квалитетот на здравствената заштита. Со конкретниот апарат, нагласи таа, се овозможува понавремена дијагностика на респираторните заболувања.

Реклама

Воедно, директорката Димитрова информираше дека е во завршна фаза постапката за воведување на дејноста Трудова медицина, за која веќе е обезбеден доктор специјалист. Според неа, се очекува во најскоро време услугите од оваа дејност да станат достапни и за граѓаните на Виница.

Донацијата од Ротари клубот Кочани – Виница е уште еден чекор кон модернизација и унапредување на здравствениот систем на локално ниво, сметаат здравствените работници од Здравствениот дом во Виница.