Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

„ЗБОГУМ БУКОВО“ – граѓански организации бараат затворање на дивата депонија

Граѓанските активисти на нозе,бараат ургенто затворање и дислокација на дивата депонија Буково…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓанските активисти на нозе,бараат ургенто затворање и дислокација на дивата депонија Буково која преставува еколошка бомба и го труе охридско-преспанскиот регион повеќе од две деценции. Со Националниот план за управување со отпад,оваа депонија е оценета како високоризична за животната средина,а согласно препораките на Унеско, требаше да биде затворена најдоцна до 2020 година. Од групацијата „Збогум Буково“ составена од 20-тина граѓански организации, месни заедници,загрижени граѓани,бараат Охрид и општините од Југозападниот плански регион итно да се договорат и да се вклучат во регионалниот систем за управување со отпад, да се надминат сите административни бариери и да се отвори регионалната депонија во Новаци, со цел да се заштити здравјето на над 50.000 охриѓани.

”Депонијата го труе целиот охридски регион како и дел од селските средини во Ресен.Затоа сметаме дека во меѓувреме треба да се воведе систем за селекција на отпад, дали на органски, дали на хартија, стакло, пластика за целата теритирија на општината за во меѓувреме да се најде решение со постепено затворање на депонијата Буково која што за жал веќе претставува голема опасност за охридскиот регион”-вели Ѓоко Зороски-групација “Збогум Буково’’

Во моментов, ситуацијата со депонијата е аларманта,бидејќи постојано гори а чадот кој содржи најканцерогени материи не само што се чувствува во Охрид, токсичниот чад се спушта и на другата страна, во Ресен. Дел од патот Охрид – Ресен кај депонијата е црна еколошка точка, каде буквално не се дише.Ништо подобра не е ситуацијата ниту со депонијата Мауцкер,на влезот во Охрид.

Реклама

 “Сметаме на зголемување на бројот на поддржувачи на оваа иницијатива се до конечниот резултат, односно затворање на депонијата Буково заедно со депонијата Мауцкер.Овој ден можеме да го сметаме како ден на еколошка револуција каде што ќе се стави крај на овие депонии”-вели Горан Ангелоски, групација “Збогум Буково”

Депонијата на која дневно се одлагаат околи 90 тони ѓубре се наоѓа во регион богат со многу флора и фауна,подземни води,извори и пасишта кои повеќе не се безбедни.Загадена е почвата и земјоделските земјишта. Буково е еднакво оддалечено од Охридското и од Преспанското езеро и бидејќи е лоцирано во сливот на Коселска Река има влијание и на водите во двете езера.Ситуацијата ја влошуваат и дополнителните пожари кои се потпалуваат од собирачи на метални суровини, а на депонијата нема ограда. И покрај напорите на јавното комунално претпријатие за санирање на постојаниот пожар на депонијата, нема многу видливи ефекти.Локалната самоуправа деновиве ќе се произнесе околу проблемот со депонијата Буково.Инаку во планот за затворање на нестандардни депонии во Македонија, Буково е ставена на листа од 25 приоритетни депонии.

Росица Голабоска