Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Завршува доизградбата на булеварот „Партизанска“ во Штип

Интензивно се асфлатира новиот дел од булеварот „Партизанска“. Градежните машини работат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивно се асфлатира новиот дел од булеварот „Партизанска“. Градежните машини работат на потегот од новиот кружен тек кај зградата на Авто мото друштвото до крстосницата кај Макара. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека со асфалтирање и на овој потег, каде што имаше застој во изградбата поради уривањето на објект, новиот дел на булеварот „Партизанска“ ќе биде пуштен целосно за сообраќај.

-Со асфалтирање се завршува денеска, со што населбата Осми Ноември се поврзува со населбата Баби. Овој булевар беше сон на многу штипјани, за да се продолжи и да се поврзе со населбата Баби и еве со денешното асфалтирање конечно сите активности ќе бидат финализирани. Деновиве ќе бидат поставени и нови канделабри за осветлување, сигнализацијата ќе биде поставена и со тоа го завршуваме проект, кој додава вредност во нашиот град. Затоа што освен булеварот „Партизанска“ следно што ќе се одвива на овој потег е уривањето на некогашното Нервно одделение, една болна тема и барање на жителите, изјави Јорданов.

Тој потенцира дека пред да се урнат  објектите во старото Неврно одделение, ромските семејства кои со години живееја во нив, наредната недела ќе бидат преселени во новите типски куќи во населбата Света Недела.

Реклама

-Објектите во Неврното одделение беа привремен дом на десетина ромски семејства. Морам да потенцираме дека проектот за типски куќи е веќе завршен. Деновиве се поврзува подземната инфраструктура и во текот на следната недела ромските семејства ќе бидат преселени во типските објекти, вели Јорданов.

Локацијата на старото Нервно одделение ќе биде зона за домување, односно ќе се градат нови станбени згради, спроти нив се гради и супермаркетот „Лидл“, а покрај пешачката патека се гради и голем парк, со најразлични содржини, со што овој дел од градот забрзано ќе се модернизира.

Јорданов најави дека по доизградбата на булеварот „Партизанска“, општината продолжува и со доизградбата на булеварот „Гоце Делчев“ од кружниот тек кај Лукоил до приградската населба Три Чешми, со што влезот и излезот на градот Штип кон Скопје ќе добие модерен и современ изглед.