Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Завршни зборови на Русковска: Торбата „Луј Витон“ завршила во домот на родителите на Боки 13

Торбата Луј Витон со парите на Орце Камчев завршила во домот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Торбата Луј Витон со парите на Орце Камчев завршила во домот на родителите на Боки 13, тврди обвинителката Вилма Русковска. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, презентирајќи ги своите завршни зборови за случајот „Рекет“, објави фотографија со рачки од торба за која рече дека е „Луј Витон“ на тросед, за кој тврди дека е во домот на родителите на Боки 13.

-До таа фотографија имаше од вештачењето, точна локација каде е направена фотографијата. Не само што сум јас уверена, јас сметам дека и јавноста преку вас новинарите ќе биде уверена дека обвинетите ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар, изјави Русковска.

Во завршните зборови Русковкса најмногу се осврна на улогата на екс шефицата на СЈО. Порача дека сите доживеале разочарување кога клучниот лик од Чарлиевите ангели, преминал на страната на злото. Русковска денеска презентираше и нови снимки кои претходно ги немаше во целиот процес, на што реагираше одбраната на Катица Јанева.

Реклама

-Ќе имате можност да го слушнете и нашиот завршен збор, многу повеќе таму би кажале. Гледаме дека тука обвинителката најмногу се задржа на објавените незаконски снимени снимки. Реагиравме затоа што по завршување на доказна постапка стори обид неколку докази да протне и тоа селективно, изјави Дељо Кадиев.

Коментирајќи ја улогата на Бојан Јовановски во „Рекет“, Русковска порача дека нема сомнеж дека Боки 13 ги земал парите од Орце Камчев, велејќи дека тој за „Империја“ знаел повеќе и од обвинителката која го водела процесот. И неговиот адвокат Сашо Дукоски, реагираше за објавувањето на нови снимки и фотографии во завршните зборови. Вели покрај тоа што вакво нешто е незаконско, Русковска сакала да презентира и различна вистина.

-Јавниот обвинител сметал дека тој доказ не му е релевантен, за сега на мала врата да се обидува да го протне тој доказ, чисто јавноста да види што е вратено, како е вратено. А притоа да се вадат само извадоци од 21.02, а не и 22.02, кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена торбата во куќата на сведокот, сметам дека е сосема незаконски, изјави Дукоски.

Обвинителството направи и промена во обвинителниот акт, бара на Боки 13 да му се заплени целата скапа гаредорба и се што купил од 2017 година, со оглед на тоа што станувало збор за скапи производи, а обвинетиот во „Рекет“ немал никакви приходи. Завршните зборови на одбраната се закажани за 1 јуни.

Матеја Петровски