Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

МАЕИ положи цвеќе пред бистата и му оддаде почит на Стерјо Спасе 

Во родното село Глобочани, Општина Пустец, денекса беше одбележана 112-годишнината од раѓањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во родното село Глобочани, Општина Пустец, денекса беше одбележана 112-годишнината од раѓањето на истакнатиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе. По тој повод, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) положи цвеќе пред неговата биста и оддаде почит на неговиот живот и книжевно дело.

-Стерјо Спасе (1914–1989), роден во Глобочани, Општина Пустец, а починат во Тирана, е еден од значајните основоположници на современата албанска литература. Неговото творештво е длабоко поврзано со родната Преспа, македонската традиција и културното наследство на Македонците во Албанија, објави весник “Македониум”.

Спасе зад себе остави значаен книжевен опус како писател, антологичар, преведувач, автор на учебници и собирач на македонски народни умотворби.

Реклама

Преку своето творештво тој претставуваше своевиден мост меѓу културите, пренесувајќи ги животот, традициите и приказните на Преспа до пошироката јавност.

-Глобочени и Преспа со право се гордеат со својот сограѓанин, кој остави траен белег во албанската книжевност и претставува значаен придонес на Македонците во културниот и општествениот живот на Албанија, вели Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Од МАЕИ порачаа дека споменот на Стерјо Спасе и неговото дело треба да продолжат да се негуваат и пренесуваат на идните генерации.

-Неговото дело нека биде траен потсетник дека културата ги поврзува луѓето, ги надминува границите и живее и тогаш кога генерациите се менуваат. Слава и почит кон Стерјо Спасе, додава Стерјовски.

Во знак на почит под мотото „По стапките на Спасе“ во музејот, што го носи неговото име, во село Глобочони, одржана беше  литературна вечер посветена на животот, делото и наследството на Стерјо Спасе.