Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Привршува реконструкцијата на регионалниот пат Удово – Јосифово

Општина Валандово викендов ја реализира последната фаза од реконструкција на регионалниот пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Валандово викендов ја реализира последната фаза од реконструкција на регионалниот пат Р1105, на делницата Удово – Јосифово. Како што информираат општинските власти, градежната механизација интензивно работи на еден од најоштетените делови од оваа значајна сообраќајница.

– Со завршувањето на работите, оваа делница добива значително подобри услови за одвивање на сообраќајот, со што се зголемува безбедноста за возачите, пешаците и сите останати учесници во сообраќајот. Со реализацијата на овие инфраструктурни зафати, постепено се создава побезбедна, поквалитетна и помодерна патна мрежа, која е од особено значење за жителите на Валандово и околните населени места, но и за сите граѓани и патници кои секојдневно го користат овој регионален правец, велат од Општина Валандово.

Реконструкцијата на делницата Удово –  Јосифово се работи во рамки на пошироките активности за подобрување на регионалната патна инфраструктура. Според надлежните, претходно се завршени реконструкциите на делови од регионалниот пат Р1105, на потегот од „Страиште” до влезот во Валандово, како и делницата од детската градинка „Калинка“ до месноста „Два Јавора“.