Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Завршна конференција од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со МЦГО организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со МЦГО организира завршна конференција – „Инклузија во движење: чекори кон промена“ од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, финансиран од Детската фондација „Песталоци“.

На денешната конференција предвидени се три панели: „Национални инициjативи за подобрување на инклузивноста во образованието“, „Инклузивно образование во пракса: универзитетски реформи и дигитални инклузивни алатки“ и „Градење инклузивни практики на локално ниво: подобрување на условите, пристапот и поддршката за секое дете“.

– Конференцијата е заокружување на тригодишните активности, предизвици и постигнувања во рамки на проектот. Целта на оваа средба е да се повикаат на едно место и на заедничка средба сите вклучени актери кои имаат одговорност за обезбедување услови, поддршка, услуги и реализација на образованието на сите деца, вклучително и децата со посебни образовни потреби. Ќе се дискутира за досегашните постигнувања, промени, но и предизвиците на национално, локално и академско ниво, во областа инклузивно образование, пишува во соопштението.

Реклама

Се истакнува дека здружението „Отворете ги прозорците“ оваа година слави 20 години посветена работа за промовирање пристап до информатичка технологија за лица со посебни потреби, овозможувајќи им целосно да ги искористат нивните способности.