Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Заврши амандманската расправа за измените на Законот за Владата

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево ја одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево ја одржа амандманската расправа за Предлог на закон за изменување на Законот за Владата на Македонија, по скратена постапка. Министерот за јавна администрација Горан Минчев не прифати ниту еден од амандманите кои беа поднесени од пратениците на Европскиот фронт. Продолжението на оваа седница на која на дневен ред е и амандманската расправа за Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за пратениците, по скратена постапка, ќе биде дополнително закажана.  

Пратениците од опозицијата го оспоруваа укинувањето на Пржинската влада, а народните избраници од Европскиот фронт тврдеа дека тоа не било договорено на лидерската средба, како што тврдеше министерот Минчев. Тие ги повторија веќе познатите ставови во однос на ова прашање. 

Министерот за администрација Минчев за забелешките дека законот се носи по скратена постапка рече дека се има во предвид дека не станува збор за ново законско решение, туку се работи на усогласување со постојната законска регулатива. Во однос на укинувањето на Пржинската влада, рече дека не може да „свати“ како дел од пратениците за првпат дознаваат дека „ова законско решение се носи за 30 часа“ и дека во некои партиски соопштенија се вели дека се носи на „шверцерски начин“. 

Реклама

– Тоа е карактеристично за тие партии што се бават со шверц. Но, да ги погледнеме аргумените и фактите. На 14 јануари е за првпат отворена дискусија за овој закон на лидерската средба на која беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети и фронтмен на Европскиот фронт. И мене ме зачудува ваквата некоординираност на пратениците од Европскиот фронт да не се запознаени со таа лидерска средба на која господинот Али Ахмети кажа дека нема ништо против укинување на оваа техничка влада, но остави запирка да се консултираат нашите стратешки партнери а тоа се САД или Европската унија. Притоа од страна на премиерот беше одговорено дека тие се консултирани и дека тие немаат ништо против ова решение. И тоа е одговор, директен на вашето прашање, рече Минчев.

Минчев рече дека измените на законот ги најавил и дека ги повикал на средба координаторите на опозициските пратенички групи, и дека се сретнал со координаторот на СДСМ, додека координаторот на Европскиот фронт рекол дека се потребни дополнителни консултации на што тој се согласил. На следна средба со координаторите во Собранието, додаде тој, повторно претставникот на ДУИ не дошол.  -Дојдоа колегите од СДСМ и Левица на кои им беше даден предлог материјалот од законсково решение, објасни тој. Минчев рече дека ги замолил службите во Собрание со архивски број да се достави законскиот текст до пратеничката група на Европскиот фронт и дека телефонски ја контактирал координаторката, а материјалот дополнително е пратен и даден е рок преку електронска пошта. 

– Сите предлози кои ги даде СДСМ освен техничката влада да трае до недолгед. Се повлековме од нашиот првичен план техничката влада да биде веднаш укината. Не е точно дека се укинува, еве рековме ќе важи и на следните избори – рече Минчев.