Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска на седница ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска на седница ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на закони и подзаконски акти, меѓу кои и оспорената одредба од Законот за пензиското и инвалидското осигурување што предвидува линеарно усогласување на пензиите.

Подносителите на иницијативите сметаат дека оспорената одредба, која се однесува на периодот од 1 септември 2025 до 31 март 2026 година, ја суспендира примената на членот 37 од Законот, кој предвидува усогласување на пензиите врз основа на порастот на платите и инфлацијата. Во иницијативите се наведува дека линеарното зголемување, односно зголемувањето за подеднаков износ за сите пензионери, не ја зема предвид висината на пензијата, претходните уплати на пензиски придонеси и годините работен стаж. Според подносителите, на овој начин пензионерите со пониски пензии добиваат релативно поголемо процентуално зголемување од оние со повисоки пензии, што, како што тврдат, претставува нееднаков третман на пензионерите во спротивност со уставното начело на еднаквост и забраната за дискриминација.

Судиите ќе расправаат и по иницијатива за дел од Законот за јавна чистота, со која, според подносителот, не е јасна определбата да се „заштити” само „централното подрачје на општините, општините во Градот Скопје и градот Скопје”. Се наведува дека животната средина и нејзината заштита не треба да се протегаат само на централните подрачја, бидејќи Уставот не прави таква поделба. Ќе расправат и по иницијатива за одредби од Законот за градење и Законот за Градот Скопје поврзани со поништување одобренија за поставување урбана опрема.

Реклама

На дневен ред се и иницијативи за оценување на резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, Програмата за основни геолошки истражувања за 2026 година, одлука поврзана со тарифникот за надоместоци во технолошко-индустриските развојни зони, како и одлука за урбанистички план во Општина Тетово.

Покрај иницијативите, Судот ќе разгледува и барања за заштита на слободите и правата на граѓаните кои се однесуваат на забрана на дискриминација по основ на социјална припадност, како и за заштита на слободата на мислата и јавното изразување на мислата.