Во Законодавниот дом денеска ќе се одржи еднодневен семинар за студенти на тема: „Парламентот (Собранието) како основна институција на парламентарното право”.
Како што информираат од Собранието, на семинарот ќе учествуваат студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ и Меѓународниот славјански универзитет.
Семинарот има за цел да ја приближи работата на Собранието до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена, политичка критичност и вклученост.

