Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Затајува ли алгоратимот за тестирање за коронавирусот?

Дали во изминатите 14 дена сте биле надвор од државата? Доколку одговорите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали во изминатите 14 дена сте биле надвор од државата? Доколку одговорите „не“ алгоритамот ве исфрла од системот за тестирање на корона. Дали во моменти на ширење на епидемијата низ цела Македонија, затајува системот за закажување тест за коронавирусот? Лице кое две недели било во самоизолација по патување надвор од  земјава, за Алфа вели дека на крајот се јавил кај матичниот лекар, а одбиен бил токму поради тоа што 2 недели бил во државата. И покрај тоа што се појавуваат се повеќе заразени преку локална трансмисија, министерот за здравство, Венко Филипче, вели алгоритамот кој е од почетокот на кризата не можел да се менува.

-Алгоритамот се прави врз основа на стручно мислење, значи има причина за секоја од точките за секое од прашањата и тоа не може да се менува, затоа што има логика и во редоследот на прашањата и во тоа како се структурирани и се тоа совршено одговара на епидемиолошката ситуација во која ние се наоѓаме, изјави Филипче.

И покрај препораките од Светската здравствена организација, во Македонија се уште нема масовно тестирање. А, проблем претставува и предолгото чекање на оние кои веќе имаат закажано тестирање.

Реклама

-Се дуплираа капацитетите за брисови во Скопје, од утре практично ќе бидат дуплирани со последниот пункт во поликлиниката Млин Балкан, дополнително на сето тоа и мобилната екипа за постарите граѓани. А, истото до крајот на неделата и во другите градови ширум државата, изјави Мицкоски.

Инаку, досега за два случаи кои за жал починаа од вирусот Ковид 19 дека се заразени се дозна по смртта.

Матеја Петровски