Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти

Oсновните проекти за реставрација на фрескоживописот на старата црква „Св. Атанасиј Велики“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Oсновните проекти за реставрација на фрескоживописот на старата црква „Св. Атанасиј Велики“ во гевгелиското село Габрово веќе се изработуваат, а наскоро ќе следи и реализацијата, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на објектот кој неодамна се вброи во спомениците на културата.

По завршување на проектите ќе следи јавна набавка за архитектурата и почеток на реализацијата, која од Министерството ја најавуваат за јуни годинава, а за сите овие активности се обезбедени 720.000 денари.

Посетата на црквата министерот Љутков ја оствари заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и митрополитот на Повардарската епархија, г. Агатангел.

Реклама

Министерот за култура и туризам нагласи дека станува збор за значаен сакрален објект со вреден фрескоживопис и иконопис, кои сведочат за богатата духовна и уметничка традиција на овој крај и чија заштита ја потврдува силната определба на ресорното Министерство за  унапредување на состојбите на културното наследство. 

– Заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, извршивме увид во подготвителните активности за конзервација и реставрација, на фрескоживописот и архитектурата на црквата од страна на стручни лица од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Овој проект е резултат на заедничка иницијатива со локалната самоуправа и е пример како преку партнерство обезбедуваме долгорочна заштита на културното наследство, но и нови можности за развој на културниот туризам, изјави министерот Љутков при денешната посета.

Градоначаланикот Сарамандов потсети дека иницијативата за реставрација на старата црква произлезе од жителите на Габрово, а потоа беше прифатена и од надлежниот митрополит г. Агатангел, па што следеше одлуката на Советот на општината на која објектот се вброи во спомениците на културата.

– Посебна благодарност до Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, за препознавање на важноста на овој проект и негова финансиска поддршка за реализација. Како градоначалник сметам дека ова е уште еден значаен потег за зачувување на нашето културно наследство, истакна Сарамандов.

 Со овој проект, како што посочи тој, Гевгелија добива уште една точка на мапата и значајна локација за туристичка промоција на градот.

Црквата „Свети Атанасиј Велики“ која е изградена од неимарот Андон Китанов во 1851 година, а фрескоживописана во втората половина на 19 век од Димитар Андонов – Папрадишки, поседува нови, но и стари икони кои датираат од 1863 до 1878 година.