Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Започнува ли рушењето на темелите на корумпираното судство? – Партиски препукувања за бегството на Рамадани

Блерим Рамадани да остане во Косово бара неговото семејство од властите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блерим Рамадани да остане во Косово бара неговото семејство од властите во Приштина по распишувањето на централната потерница од Македонија . Како што пренесуваат косовските медиуми,неговото семејство е среќно што поранешниот член на УЧК бил дома во Урошевац,  а неговиот адвокат пак бара судењето да се случи во Косово, и дури е убеден дека ако имало судење таму ќе бил прогласен за невин.

Додека се чека како ќе постапи косовското министерство за правда, во Македонија  продолжуваат партиските препукувања за тоа кој е крив што избега Рамадани.  Власта ја лоцира одговорноста во судскиот систем, односно во судијата Пајазит Пајазити кој и го смести Рамадани во куќен притвор. Станува збор за  истиот судија кој ја прифати спогодбата со која екс-обвнинителот Иџет Мемети кој иако призна дека бил дел од коруптивна мрежа, но доби само условна казна и останува на слобода.

– Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија. Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш – рече Стојаноски.

Реклама

 СДСМ пак кривицата ја бараат во министерот за внатрешни работи и бараат оставка од Тошковски.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани. Последната комедија на оваа тема се вчерашните изјави на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Има ли пилот во авионот на Владата? Додека Мицкоски се мачи да ја излаже јавноста дека вината е кај судот, неговиот верен поддржувач Пандов вели дека е во МВР. Кој кога залажува овде – рече Богданка Кузеска на денешната прес – конференција

Во меѓувреме, Судскиот совет вчера донесе одлука за формирање посебна комисија која ќе треба да ја констатира фактичката состојба во однос на одлуките од Основниот кривичен суд донесени  непосредно пред бегството на Рамадани.

Инаку, Одлуката Рамадани да биде спроведен во ефективен притвор ја изрекле тројца судии, откако предходно судијата Пајазит Пајазити, и покрај различната судска пракса на изненадување на сите, решил да го испрати во куќен притвор. Рамадани беше уапсен на 17 јули на граничниот премин Јажинце, по потерница од Србија поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани. Последната комедија на оваа тема се вчерашните изјави на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Има ли пилот во авионот на Владата? Додека Мицкоски се мачи да ја излаже јавноста дека вината е кај судот, неговиот верен поддржувач Пандов вели дека е во МВР. Кој кога залажува овде?